Состојки
1 модар домат
2 домати
100 гр моцарела
100 гр шунка од мисирка или пилешки гради
малку печурки
оригано
босилок
Модриот домат се сече по должина на парчиња со дебелина од 1см и се ставаат во плех обложен со хартија за печење. На нив се ставаат тенко сечени парчиња црвен домат, а врз нив тенко сечена моцарела. Се става да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени околу 10-15 минути додека не се стопи моцарелата.
Кога ќе се растопи врз неа се ставаат печурките и ситно сецканата шунка, по што се посолува со оригано и босилок.
Плехот се враќа во рерна, температурата се покачува на 220 степени и се остава да се испече уште 15 минути.
No comments:
Post a Comment