250 грама свежи печурки (шампињони)
250 грама ориз (долго зрно), по желба може и интегрален
2 белки
1 лажичка маслиново масло
Хималајска сол
500 грама пилешки стек
Вегета
Кари зачин
Ѓумбир
1 лажичка сенф
Најпрво се сецка пилешкиот стек на тенки долги парченца и се става во тава да се испржи со 1 лажичка маслиново масло (дури и не е неопходно) и зачини по желба (кари, вегета, ѓумбир, хималајска сол). Се пржи со постојано мешање.
Истовремено се става во тенџере 2 кесички ориз (2 х 125 гр) со 1 лажичка хималајска сол се ставаат да се варат 15 минути на среден оган во 2л вода. (Оризот на сликата го има во Кам)
По 15 минути се трга оризот од оган. Со вилушка се вадат кесичките и се оставаат да се исцедат 10 минути. Потоа се ставаат во висока шолја и се набива оризот со лажица.
Откако пилешкото ќе се испече се додаваат исечканите шампињони и 1 лажичка сенф, се меша постојано додека не се пропржат, од прилика 7-10 минути. На крај се додаваат двете белки и се разнесуваат низ целата смеса во тавчето, се меша уште 2-3 минути и се трга од оган.
Оризот од шолјата прво од страните се засекува со нож и се истура во средина на чинијата, околу се сервира пилешкото со печурките.
Превкусно!
No comments:
Post a Comment