Здрави рецепти, креативни, иновативни и превкусни! Читајте и споделувајте, сите здрави рецепти на едно место. Целта на оваа страница е да ги собреме сите здрави рецепти на едно место што ќе придонесе сите да бидеме поздрави и посреќни. Да се храниме здраво без грижа за калориите, здравата храна придонесува кон Здраво тело и Здрав дух!
Sunday, 8 February 2015
Cheesecake мафини
Состојки
2 јајца
340 гр крем сир со што помалку масти
150 гр јогурт од боровница (со што повеќе протеини, без шеќер)
(кој користи) 2 мерици протеин од ванила, ако не заменете со мелени овесни снегулки
1 мала лажичка ванила екстракт (нема калории)
Засладувач по избор
50 гр џем од боровница без шеќер
100 гр засладени боровинки (може и свежи) горе распоредени
Од целиот рецепт излегуваат 15 мафини. Ако ставите протеин рецептот има 1113 kcal, 42 јаглехидрати, 56 масти, можеби и помалку ако се користи безмасен сир, и 102 протеини.
По еден мафин има околу 74 kcal, 2,8 јх, 3,7 масти, 6,8 протеини.
Целата смеса се меша и се ставаат во калап за мафини. Се пече во рерна на 175 степени, 20-30 минути.
Се служат откако ќе се изладат барем половина час во ладилник.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment