Sunday, 8 February 2015

Сладок рецепт во чаша


Сладок десерт
Состојки за 2 десерта:
2 белки од јајце
2 мали кесички стевиа (може и друг засладувач)
3мл агаве сируп
100 гр малини
20 гр вишни
2 мл екстракт од ванила (Dr.Octer)
100 мл млеко 0,9% масленост (Zbregov)
4 мали лешници (несолени)
.....
Прво се матат белките со стевијата и екстрактот од ванила се додека не стане густ шлаг.
Потоа во блендер се става млекото, малините и агаве сируп, се тоа се мати додека сместата не се изедначи.
Потоа во високи чаши  се става 1 голема лажица од смесата од блендерот, па една голема лажица од шлагот, потоа врз шлагот се ставаат неколку вишни, па повторно се повторува постапката. На крај врз шлагот се ставаат преостанатите вишни и мелените лешници.

No comments:

Post a Comment