Состојки за тесто
2 банани
100 мл нискомаслено млеко
2 лажички агавин сируп
1/3 лажичка кокосово масло
50 гр мелени овесни снегулки
Смесата се миксира во блендер додека не стане изедначена и да нема грутки од банани.
Тавче за палачинки се обложува со хартија за печење и половина од содржината од блендерот се истура на хартијата, на два пати, од едната страна на тавата и од другата, така ќе добиете две парчиња колач кои се дел од една порција. Откако ќе се испечат се вади хартијата од тавчето и се става на страна 2-3 минути да се подизлади и за да може да се одлепи од картијата.
Во меѓувреме се пече вториот колач.
Откако ќе се изладат малку со нож се засекува измеѓу хартијата и колачот, внимателно за да не се скине тестото и се префрлува во соодветен сад.
Состојки за фил
1 белка
1 лажичка агавин сируп
на врв од лажичка ванилин шеќер
на врв од лажична кокосово масло
Киви х 1
Портокал х 1
Состојките (без овошјето) се матат со миксер додека не се добие густа смеса.
Парчињата колач се премачкуваат со тенок слој фил, и за останатиот дел од филот:
Додатоци:
мака во прав
маџун од рогач
Семе од чиа
Портокалот се сече на кругови со дебелина од околу 1см и потоа со нож се вади кората, за да остане кругче портокал како на сликата. За два колача се потребни две такви парчиња портокал. Остатокот од портокало се сече на ситни коцкички и се става во филот.
Кивата се лупи и се сече на ситни коцки, мал дел може да послужи за декорација (како на сликата подолу), а остатокот се става во филот и се меша.
Добиената смеса се прелева врз колачот. На едното парче се става кругот од портокал. Одозгора се попрскува со мака во прав и семе од чиа, и на крај со 1 мала лажичка маџун од рогач.
No comments:
Post a Comment