Sunday, 8 February 2015

CheeseCake од јагоди


Состојки

100гр бадеми
200гр ореви
1/2 шолја урми
хималајска сол
цимет

За фил:
200гр јагоди
3шолји во вода натопени индиски ореви
1 шолја урми
хималајска сол
1/2 шолја кокосово масло
1 шолја мед или соодветна количина стевиа

Подготовка

Бадемити, оревите и урмите натопете ги во вода најмалку 1 час. Потоа исцедете ги и сомелете ги, така што ќе се добие леплива паста. Додадете прстофат хималајска сол и цимет по вкус. Распореете ја смесата по дното на плехот. Направете сир: натопете 3 шолји индиски ореви и 1 шолја урми најмалку 1 час. Потоа сомелете ги со половина од јагодите (најмалку 100гр), 2 шолји вода,, 1 мала лажичка сол, пола шолја кокосово масло. Матете и додајте малку вода доколку е потребно. Смесата реба да бидее ретка, но не течна. Во зависност од вкусот, односно доколку сакате филот да биде поблаг додајте мед или стевиа (пола шолја).
Направениот сир прелијте го преку кората.
Потоа направете го горниот слој: во блендер изматете 100 гр јагоди, пола шолја мед или стевиа и пола шолја вода. Прелијте ја оваа смеса преку сирот, па оставете колачот да се стегне во замрзнувач најмалку 3 часа.

No comments:

Post a Comment