Sunday, 8 February 2015

Протеински мафини од банана


Состојки

3 банани
120 грана мелени овесни снегулки
80 гр брашно од хељга
2-3 мерици протеин (ако користите)
1 јајце
1 лажичка бутер од кикирики
прашок за пециво
засладувач по желба

Бананите се миксираат и се ставаат во голем сад по што се додаваат сите останати состојки и малку вода. Се меша додека не се добие еднаква густа смеса.
Смесата се става во калапи за мафини и се пече во рерна на 180 степени. По 15 мин прободете еден мафин со чачкалица, ако на чачкалицата не остане смеса мафините се готови, доколку остане оставете да се пече уште неколку минути.
Во смесата може да се додаде и безмасно какао или рогач.






No comments:

Post a Comment