Здрави рецепти, креативни, иновативни и превкусни! Читајте и споделувајте, сите здрави рецепти на едно место. Целта на оваа страница е да ги собреме сите здрави рецепти на едно место што ќе придонесе сите да бидеме поздрави и посреќни. Да се храниме здраво без грижа за калориите, здравата храна придонесува кон Здраво тело и Здрав дух!
Monday, 9 February 2015
Плескавици од киноа со моркови
Состојки за две порции
100 грама киноа
Пола главица кромид
Два моркова (поголеми)
1 јајце
1 чешне лук
Магдонос
Нане
Маслиново масло
Нискомаслена павлака
Измиената киноа се става да се вари на слаб оган во вода 1:3, додека водата не испари (15-20 минути).
Насечкајте го лукот на мали парченца, изрендајте го морковот, истолчете го лукот и во сад додадете ја и сварената киноа, како и магдоносот, нането и јајцата. Се добро треба да се измеша и да се посоли. По желба може да се стават и други зачини.
Во тава за печење ставете малку маслиново масло и од смесата формирајте топчиња, кои после ќе ги сплескате да добијат облик на плескавица. Печете додека не добијат убава златна боја. Исто така може и да не се пече во масло, туку во смесата да се стави 1 лажичка маслиново масло, тавата да се обложи со хартија за печење и да испечат на тој начин. Печењето на хартија го отстранува вишокот на масти.
Плескавиците се служат со нискомаслена павлака помеѓана со нане и други зачини по желба.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment