Wednesday, 11 February 2015

Топли напитоци за топење масти

Иако сметам дека здравиот начин на исхрана сам по себе не му дозволува на телото да ја покачи телесната маса, освен доколку не се тежнее кон тоа и се конзумира поголема количина здрави намирници со соодветен тренинг.
Но сепак, постојат намирници кои помагаат во процесот на слабеење, односно намалување на тежината.


Циметот и ѓумбирот се познати по своите позитивни ефекти за човековиот организам, но исто така нивната правилна примена може да доведе до забрзување на метаболизмот.

Чај од цимет и мед
Состојки:
1 лажица цимет
2 лажици мед

Најпрво циметот се попарува со 1 литар врела вода и се остава половина час да отстои. Откако ќе се олади се додаваат 2 лажици мед и целата смеса се става во ладилник да отстои околу 8 часа. 
Чајот се пие по пола чаша наутро на гладно и навечер пред спиење.
Процесот на слабеење започнува во моментот кога организмот ќе се ослободи од токсините и маснотиите во крвта.
Во периодот кога го конзумирате чајот (а и потоа :) ) стремете се кон тоа да се храните здраво без непотребни јаглехидрати и штетни маснотии.

Чај од ѓумбир и цимет

Комбинацијата на ѓумбирот и циметот е одлична во борбата против бактериите, како и други штетни болести за организмот. Без разлика дали сакате да слабеете или не, ѓумбирот и циметот треба да бидат дел од секојдневната употреба, едноставно користете ги како зачини.

- 1/2 чаша кефир
- пола лажичка црвен пипер
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 лажичка ѓумбир во прав

Добиената смеса се попарува со 500 мл врела вода и се конзумира наутро на гладно.
Комбинација создадена за топење масти.




No comments:

Post a Comment