Friday, 14 August 2015

По само 5 дена здрава исхрана видете ги првите РЕЗУЛТАТИ!


Програмата за исхрана која трае 5 дена е само почеток на едно ново "патување" за Вас. Потоа секако треба да продолжите да конзумирате здрави намирници.
Начинот на исхрана кој следи е попознат како медицинска диета, иако ние одбегнуваме да го користиме терминот "диета", веруваме во здрав начин на исхрана, не во диети. Диетите се сезонски и секогаш имаат јо-јо ефект. Поради тоа, оваа "диета" ќе ја наречеме Исхрана со портокали :)
Големо внимание на овој начин на исхрана се посветило откако во медиумите започнало да се зборува за намалување на 3кг за 3 дена. Всушност станува збор за редукциска исхрана која поттикнува драматична загуба на килограмите, но ја зголемува опасноста за одредени здравствени компликации. Доколку имате здравствени проблеми не Ви го препорачуваме ова пет-дневно мени, туку продолжете со исхрана која се базира на здрави намирници. Дневниот калориски внес на овој начин на исхрана изнесува 900 калории на ден.

Акцентот на овој начин на исхрана се става на следните намирници: конзумирање на риба, овошје, внес на голема количина вода на дневно ниво (најмалку 2л) и незасладени сокови. Од додатоци на храна дозволена е примена на билни зачини, бибер, лимонов сок, оцет, сенф и кечап. Дозволени се три оброка на цена и забранети се меѓуоброци. Забранета е конзумација на шеќер, компир, тестенини, слатки, полномасно млеко, месо и путери.

Планот за исхрана е за 5 дена, не е препорачливо да се следи овој план подолго од 15 дена. После 15 дена, без оглед на исходот треба да се направи пауза од овој план на 15 дена (во кој период ќе се конзумираат исклучиво здрави и немасни намирници), па потоа може повторно да се започне со 15 дневна примена на овој плат (3х5).

Овој начин на исхрана НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА на лица со буврежна болест, ниту на трудници и доилки. Исто така, не се препорачува ниту на активни спортисти поради калорискиот внес кој е низок и кај нив може да предизвика пад на имунитетот.

1 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек:  1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 варено јајце, пола шоља јогурт или кисело млеко.
Вечера: 2 домата или 2дл сок од домат, 2 варени јајца, краставица или пола зелена салата

2 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек:  1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 варено јајце, пола шоља јогурт или кисело млеко.
Вечера: 1 плескавица од 125 грама мелена риба по избор, 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 домат, 4 крекери, шоља незасладено кафе или чај

3 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек:  1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 варено јајце, пола шоља јогурт или кисело млеко, зелена салата или 2 краставици, незасладени напитоци
Вечера: 1 плескавица од 125 грама мелена риба по избор, 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља незасладено кафе или чај

4 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек: 125 гр немасно кравјо сирење или немасна урда, 1 домат или 2дл сок од домат, 4 крекери
Вечера: 1 плескавица од 125 грама мелена риба по избор, 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља незасладено кафе или чај, 1 јаболко

5 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек: 200 грама варена риба или риба на пареа, 4 крекери, 1 домат или 2дл сок од домат
Вечера: 500 грама варен зеленчук по избор, 1 варено јајце, 1 домат или 1дл сок од домати.



Friday, 19 June 2015

Стопете ги мастите за 21 ден: Лимон, Мед и Рен


Измешајте 125грама корен од рен ситно нарендан, 3 лажици мед и 3 лимони, претходно измиени и изрендани со се кора, но без семки.
Сето тоа измешајте го се додека не добиете изедначена смеса и чувајте го во стаклена тегла во ладилник.
Користете 2 пати на ден по 1 лажичка од мешавината со оброк.
Време на користење 21 ден.

Sunday, 8 March 2015

Чоколадни мечиња

Состојки за тесто (два оброка):

- 60 грама мелени овесни снегулки
- 20 грама мелено кокосово брашно
- 5 грама мелено ленено семе
- 2 лажици маџун од смоква (може и од грозје или рогач, или заменете со мед)
- 100 мл нискомаслено млеко
- 1 лажичка безмасно какао или рогач (ако го правите рецептот за возрасни може пола лажичка еспресо)

Сите состојки заедно се ставаат во блендер и се миксира додека не се изедначи смесата, треба да биде многу густа. Потоа веќе загреаната тава се премачкува со тенок слој кокосово масло и со лажица се става од смесата и се обликува форма како на сликата, може и форма на круг како на сликата подолу. Доколку не ја искористите целата смеса направете плус колачиња (како малото парче на сликата).

Се пече многу брзо за 1-2 минути.

Откако ќе се испече се премачкува со крем по избор, се препорачува диетален крем (го има во продавници за здрава храна) или друг сладок премаз.

Потоа една банана се сецка на парченца и се декорира како на сликата.
За очите и носот на мечето е користена аронија премачкана со маџун од грозје, но можете да користите и друг вид на овошје како боровинки, рибизли, вишни, цреши и сл.

Tuesday, 17 February 2015

Ручек со пилешко во три бои

Состојки

400 гр пилешко филе
1 лажица вегета
1 лажица сос од соја
1/2 лажичка ситно сецкан лук или лук во прав
1 лажица ѓумбир
300 грама црвена пиперка (може да се замени со свежи домати)
250 грама зелена пиперка (може да се замени со тиквички)
20 мл маслиново масло

Месото се сецка на мали коцкички и се пропржува на тава со маслиновото масло.
Потоа се додава лукот, ѓумбирот, исчистените пиперки исечени на коцки и се заедно се пропржува 2 минути. Се додава солта, веѓетата, биберот и соја сосот. Се добро се меша и уште кратко време се потпекува.

Може да се служи со варен ориз.

    Печен компир



    Состојки

    Компир
    2 лажички маслиново масло
    1 лажичка вегета
    1/4 лажичка хималајска сол
    Други зачини по избор

    Компирот се лупи и се засекува на тенки парченца како на сликата. Сите зачини заедно се промешуваат во посебен сад.
    На тава премачкана со тенок слој маслиново масло се поставуваат компирите, по што се посолуваат со измешаните зачини.

    Се пече во рерна на 200 степени 40 минути.

    Лешниково млеко


    Состојки

    1 шолја лешници (потопени 8 часа во вода)
    2 шолји вода
    1/4 лажичка хималајска сол
    4 урми

    Сите состојки се ставаат во блендер и се миксира додека не се добие изедначена смеса. Потоа се процедува и може да се користи во текот на 2-3 дена.
    Се чува во ладилник.


    Печен комппир на медитерански начин


    Состојки

    700гр компир нелупен
    2 лажички лимонов сок
    2 лажички маслиново масло
    1 лажичка оригано
    1/4 мелен црн бибер и сол
    2 мали лукчиња ситно сецкано или заменете со лук во прав

    Подготовка
    Секој компир исечете го на 8 парчиња. Во поголем сад измешајте го сокот од лимон, маслиновото масло, ориганото, биберот, солта и белиот лук. Потоа додадете ги компирите во истиот сад и убаво промешајте.
    Потоа подредете ги компирите во тава за печење, претходно премачкана со маслиново масло, компирите треба да бидат со лушпата свртена надолу.
    Се пече на 200 степени 45 минути.


    Вегански овошен јогурт


    Состојки

    3 мандарини
    2 лажички сусам (или бадеми или коноп)

    Се лупат мандарините, се меле сусамот (или заменската состојка) и се заедно се става во блендер.
    Добиената смеса веднаш се служи.

    Во случај да е многу густо може да додадете малку бадемово млеко Рецепт




    Бадемово млеко


    Состојки
    1 шолја бадеми
    3 шолји вода
    5-6 суви сливи
    2-3 урми
    ИЛИ сувите сливи и урмите може да се заменат со стапчиња ванила, мед, агавин суруп и сл.

    Една шолја бадеми се прелева со 2 шолји вода и се остава да стои околу 8 часа (може и повеќе). Потоа бадемите се лупат и се ставаат во нова вода.
    Во блендер се ставаат бадемите со водата и 5-6 суви сливи исто така претходно потопени во вода и незашеќерени урми (обично ги има во продавници за здрава храна).
    Добиената изблендирана течност се процедува и се става во стаклено шише.





    Пресни ледени - медени срциња

    Состојки
    (рецептот е за околу 10  срциња)


    Ледени:
    -250 гр суви смокви
    -3 лажички кокосово брашно

    Медени:
    - 300 гр свежи урми
    - 3 лажички рогач во прав (може да се замени со безмасно какао)

    Подготовка:
    Смоквите се сецкаат ситно и заедно со кокосовото брашно се ставаат во блендер и се блендира се додека не се добие смеса како тесто.
    Од урмите се вадат семките и се повторува постапката со урмите и рогачот, како претходно споменатата.
    За смоквите доколку има потреба може да се додаде и малку вода, додека за урмите не.
    Измешаните состојки, и за ледените и за медените срца се смеси за колачи.
    Кога се готови смесите се обликуваат срциња.
    На тавата се попрскува кокосово масло па потоа се редат срцињата, ова е битно за да не се залепат.

    Се оставаат неколку часа да отстојат и потоа се служат, не се пече.

    Sunday, 15 February 2015

    Ослич со зеленчук


    Состојки:

    1 кг ослич
    2 парчиња морков
    2 домата
    1 чешне лук (или може лук во прав)
    1 тиквица
    1 дл вода
    сок од 1 лимон
    персун и босилок
    2 лажички маслиново масло
    1 лажица мешавина зачини (сол, бибер, рузмарин,...зачини по избор)

    Подготовка:

    Зеленчукот се сече на кругови. Лукот (доколку е свеж) само се чисти, не мора да се сече. Листовите од персун и босилот ситно се сецкаат.
    Тавчето за печење се премачкува со маслиновото масло и во него се ставаат изецканиот зеленчук и добро се распоредува по целата тава.
    Во посебен сад се мешаат водата, лимоновиот сок и зачините. Со таа течност се прелева зеленчукот.

    Сето ова се покрива со фолија за печење, одозгора со чачкалица на неколку места избоцкајте за да излегува пареа и ставете во рерна да се пече половина час.

    Филетите се измиваат и се посолуваат. Пред крајот на печењето на зеленчукот, се открива зеленчукот и се става рибата врз него и се пече уште 15 минути непокриено.



    Напиток за брзо топење на масните наслаги

    Состојки:

    - 2л. вода
    - 1 мала лажичка ѓумбир
    - 10-12 ливчиња нане
    - 1 краставица
    - 1 лимон

    Подготовка:
    Лимонот и краставицата се сечат на мали тенки парчиња и се потопуваат во 2литри вода. Потоа се додаваат и преостанатите состојки.
    Садот се затвара и се става во фрижидер да отстои барем 8 часа.
    Во текот на наредниот ден се конзумира течноста како замена за вода и вечерта се приготвува нов напиток за наредниот ден.

    Напомена: Секако, за да биде усшен целиот процес потребно е и да се внимава на намирниците кои се конзумираат, односно да не се внесуваат маснотии и нездрави јаглехидрати.





    Wednesday, 11 February 2015

    Супа од брокула

    Состојки за 4 порции

    1 цело парче брокула или може и смрзната околу 350 гр
    100 гр нискомаслена павлака
    50 грама немасен јогурт
    2-3 парченца бел лук или може 2 лажици лук во прав
    зачини по избор (сол, бибер,...)

    Брокулата се вари во 1литар вода со малку сол, но не да се свари целосно, туку да биде полусварена. Сварената брокула се става во блендер со се водата во која претходно се варела, додајте ги павлаката и јогуртот, белиот лук, додајте ги зачините. 
    Се заедно се блендира и веднаш се служи.

    Low Fat мусака со печурки


    Состојки

    500 гр шампињони
    300 гр компир
    250 мл нискомаслена павлака
    1 јајце
    2 белки
    сол
    бибер
    магдонос

    Најпрво сварете ги компирите, потоа излупете ги и исечкајте ги на кругчиња.
    Печурките исечете ги на тенки парчиња и ставете ги во тава со 300 мл вода, на слаб оган на се издинстаат, потоа исцедете ги.
    Во тава за печење редете 1 ред компир, еден ред печурки, додека не се потроши смесата.
    На крај прелијте со измешаните јајца, белки и павлака, со микс од зачини.
    Печете во рерна на 200 степени околу половина час.

    Топли напитоци за топење масти

    Иако сметам дека здравиот начин на исхрана сам по себе не му дозволува на телото да ја покачи телесната маса, освен доколку не се тежнее кон тоа и се конзумира поголема количина здрави намирници со соодветен тренинг.
    Но сепак, постојат намирници кои помагаат во процесот на слабеење, односно намалување на тежината.


    Циметот и ѓумбирот се познати по своите позитивни ефекти за човековиот организам, но исто така нивната правилна примена може да доведе до забрзување на метаболизмот.

    Чај од цимет и мед
    Состојки:
    1 лажица цимет
    2 лажици мед

    Најпрво циметот се попарува со 1 литар врела вода и се остава половина час да отстои. Откако ќе се олади се додаваат 2 лажици мед и целата смеса се става во ладилник да отстои околу 8 часа. 
    Чајот се пие по пола чаша наутро на гладно и навечер пред спиење.
    Процесот на слабеење започнува во моментот кога организмот ќе се ослободи од токсините и маснотиите во крвта.
    Во периодот кога го конзумирате чајот (а и потоа :) ) стремете се кон тоа да се храните здраво без непотребни јаглехидрати и штетни маснотии.

    Чај од ѓумбир и цимет

    Комбинацијата на ѓумбирот и циметот е одлична во борбата против бактериите, како и други штетни болести за организмот. Без разлика дали сакате да слабеете или не, ѓумбирот и циметот треба да бидат дел од секојдневната употреба, едноставно користете ги како зачини.

    - 1/2 чаша кефир
    - пола лажичка црвен пипер
    - 1/2 лажичка цимет
    - 1/2 лажичка ѓумбир во прав

    Добиената смеса се попарува со 500 мл врела вода и се конзумира наутро на гладно.
    Комбинација создадена за топење масти.




    Tuesday, 10 February 2015

    Енергетска каша од банана


    Состојки

    1 банана
    70 мл нискомаслено млеко
    20 гр мелени овесни снегулки
    2 лажички мелено ленено семе
    пола лажичка семе од чиа
    пола лажичка мака во прав
    1 лажичка агавин сируп
    1 лажичка маџун од рогач
    овошје по избор

    Сите состојки освен овошјето се ставаат во блендер и се миксира додека не се изедначи смесата. На крај одозгора се става овошјето.
    Преубава и превкусна енергетска каша. Може да се чува во ладилник доколку не се конзумира веднаш.

    Сладок здрав колач со портокали

    Состојки за тесто
    2 банани
    100 мл нискомаслено млеко
    2 лажички агавин сируп
    1/3 лажичка кокосово масло
    50 гр мелени овесни снегулки

    Смесата се миксира во блендер додека не стане изедначена и да нема грутки од банани.
    Тавче за палачинки се обложува со хартија за печење и половина од содржината од блендерот се истура на хартијата, на два пати, од едната страна на тавата и од другата, така ќе добиете две парчиња колач кои се дел од една порција. Откако ќе се испечат се вади хартијата од тавчето и се става на страна 2-3 минути да се подизлади и за да може да се одлепи од картијата.
    Во меѓувреме се пече вториот колач.
    Откако ќе се изладат малку со нож се засекува измеѓу хартијата и колачот, внимателно за да не се скине тестото и се префрлува во соодветен сад.

    Состојки за фил
    1 белка
    1 лажичка агавин сируп
    на врв од лажичка ванилин шеќер
    на врв од лажична кокосово масло
    Киви х 1
    Портокал х 1

    Состојките (без овошјето) се матат со миксер додека не се добие густа смеса.
    Парчињата колач се премачкуваат со тенок слој фил, и за останатиот дел од филот:

    Додатоци:
    мака во прав
    маџун од рогач
    Семе од чиа

    Портокалот се сече на кругови со дебелина од околу 1см и потоа со нож се вади кората, за да остане кругче портокал како на сликата. За два колача се потребни две такви парчиња портокал. Остатокот од портокало се сече на ситни коцкички и се става во филот.
    Кивата се лупи и се сече на ситни коцки, мал дел може да послужи за декорација (како на сликата подолу), а остатокот се става во филот и се меша.
    Добиената смеса се прелева врз колачот. На едното парче се става кругот од портокал. Одозгора се попрскува со мака во прав и семе од чиа, и на крај со 1 мала лажичка маџун од рогач.




    Солени мафини од мисиркино месо

    Состојки

    50гр мелени овесни снегулки
    1 лажичка бибер
    пола лажичка хималајска сол
    1 лажичка лук во прав
    1 мал лук исечкан
    1 лажичка микс од зачини кои ги користите за пилешко (сол, вегета, кари,...)
    500 грама мелено мисиркино месо
    1 цело јајце
    1 белка
    1 лажичка маслиново масло

    Најпрво се мешаат сите суви состојки, потоа се додава меленото месо, јајцето и белката и се меси смесата.
    Потоа калапите за мафини се премачкуваат со тенок слој маслиново масло. Се става во загреата рерна на 180 степени да се пече околу 40 минути. Може да се служи со зеленчук по избор.

    Туна салата


    Состојки

    100 гр туна
    2 лажици грашок/боранија
    2 лажици пченка
    1 црвена пиперка
    1 лажица маслиново масло
    4-5 маслинки
    зачини (сол, бибер, чили)
    Ако случајно од претходно имате приготвен ориз може да додадете.


    Сите состојки се мешаат и се служи веднаш. Одличен рецепт кога се брзате или имате кратка пауза на работа.

    Шејк за дефиниција/слабеење

    Состојки


    2 лажички мелено ленено семе
    2-3 лажици кафе
    4 лажици млеко во прав
    250 мл нискомаслен јогурт/или млеко
    400 мл ледена вода

    Сите состојки се мешаат и веднаш се конзумира.
    Ленот, кофеинот и протеините од јогурт потпомагаат во губење на тежината, додека пиењето ладна вода помага во забрзување на метаболизмот.
    Треба да се пие секој ден, може и по 2 пати.



    Monday, 9 February 2015

    Палачинки со овесни снегулки и јаболка

    Состојки

    6 белки
    150 гр овесни снегулки
    2 лажици незасладена каша од јаболко
    Прстофат цимет
    Прстофат стевиа
    1 јаболка рамномерно исечена
    1/4 лажичка прашок за пециво
    Кокосово масло

    Загрејте ја тавата на максимум а потоа намалете на средна температура. Откако ќе ги измешате систе состојки во блендер, освен јаболките на парчиња, ставете малку кокосово масло на тавата и истурете ја смесата. Кога ќе почне да се потпекува смесата пуштете ги парченцата јаболко одозгора да се впијат во палачинката.

    Одозгора може да се прелие со малку агавин сируп, маџун или мед.

    Фит пилешко со зеленчук

    Состојки

    -1 лук ситно исецкан
    -450 грама зеленчук по избор (грашок, морков, пиперка, ...)
    -100 грама мисиркино месо (по можност мелено), ако немате мисиркино се става дупла доза од пилешкото
    -100 грама пилешко месо
    -брокула 6-7 парченца
    -соја сос
    -зачини (сол, чили, вегета, лук во прав)

    Во длабока тава се става вода да зоврие на средна температура, потоа ставете го ситно насечканиот лук и варете го додека не почне да омекнува. Потоа се става зеленчукот и малку се намалува температурата, се вари околу 10 минути, но никако не смее да се свари до крај или да се превари. Овошјето треба да остане полузготвено, по што се дадава месниот микс (мисиркино и пилешко месо) и се додаваат 6-7 парченца брокула и малку се зајакнува температурата и се готви уште 10-15 минути. Од време на време проверувајте да не се превари зеленчукот.
    Откако се ќе се свари се истура вишокот вода и се дадаваат зачини по желба и соја сосот (обавезно), лук, чили во прав, зачински микс и се добро се меша неколку минути на слаба температува додека не се упие.


    Нискокалоричен овошен јогурт



    Состојки

    100 гр различно овошје: аронија, капини, јагоди,...
    250 мл немасен јогурт
    2 белки
    (по желба една мерица протеин)

    Сите состојки се ставаат во блендер и се меша додека не се изедначи смесата.
    Се декорира со овошје.

    Маринирано пилешко со лимон

    Состојки

    700 гр пилешки гради
    240 мл лимонов сок (свежо цеден)
    30 мл маслиново масло
    2 лажички лук во прав
    2 лажички сецкан босилок
    пола лажичка црвен пипер
    1 лажица мешавина од зачини (бибер, лук, сол, кафеав шеќер, магдонос, црвен пипер)

    Рерната се загрева на 230 степени. За маринадата во пластична кеса  се става лимоновиот сок, маслиновото масло и зачините. Потоа со вилушка се боцка пилешкото понекаде и се става во кесата со зачини. Се добро се затвара, се става на чинија и се остава да отстои во ладилник барем 1 час. Дното на садот за печење се прекрива со алуминиумска фолија и треба да се внимава да се остави доволно фолија за да се прекрие и горниот дел. Пилешкото со зачините се става на фолија и се прекрива со остатокот од фолијата. Се пече околу 1 час.
    Може да се служи со ориз.

    Пица залачиња од киноа

    Состојки

    2 шолји сварена киноа
    2 јајца
    пола шолја сецкан лук
    1 шолја исецкана моцарела
    2 лажички
    пола шолја ситно сецкан босилок
    1 шолја иситнето пилешко (или може и со печеруки да се направи)
    пола лажица хималајска сол
    1 лажичка чили зачин
    1 лажичка оригано

    Рерната се загрева на 180 степени. Сите состојки се мешаат додека не се изедначи смесата. Потоа се става во калапи за мафини, секое се полни до врв, една голема лажица, а потоа нежно се притиска одозгора.
     Се пече 15 до 20 минути.

    Протеинско топло чоколадо

    Состојки

    450 мл нискомаслено млеко
    1 лажица бутер од кикирики
    1 мерица протеин
    2-3 лажички немасно какао или рогач
    1 лажичка казеин за да се добие сакана густина (наместо казеин може да користите и други згуснувачи)

    Во длабок сад ставете го млекото, протеинот, казеинот, какаото (рогачот) и путерот од кикирики. Загрејте на средна јачина со постојано мешање. Кога ќе стане жешко тргнете од оган, но пред да зоврие, инаку од протеинот ќе се направат грутки.

    Уживајте!

    Протеински чоколаден шејк

    Состојки

    2 мерици протеин од чоколадо
    200 мл нискомаслено млеко
    1 лажица (5гр) инстант кафе
    3-4 коцки мраз
    Стевиа (или друг засладувач по избор)

    Сите состојки се ставаат во блендер додека смесата не се изедначи. Веднаш се служи.
    Уживајте!

    Плескавици од киноа со моркови


    Состојки за две порции

    100 грама киноа
    Пола главица кромид
    Два моркова (поголеми)
    1 јајце
    1 чешне лук
    Магдонос
    Нане
    Маслиново масло
    Нискомаслена павлака

    Измиената киноа се става да се вари на слаб оган во вода 1:3, додека водата не испари (15-20 минути).
    Насечкајте го лукот на мали парченца, изрендајте го морковот, истолчете го лукот и во сад додадете ја и сварената киноа, како и магдоносот, нането и јајцата. Се добро треба да се измеша и да се посоли. По желба може да се стават и други зачини.
    Во тава за печење ставете малку маслиново масло и од смесата формирајте топчиња, кои после ќе ги сплескате да добијат облик на плескавица. Печете додека не добијат убава златна боја. Исто така може и да не се пече во масло, туку во смесата да се стави 1 лажичка маслиново масло, тавата да се обложи со хартија за печење и да испечат на тој начин.  Печењето на хартија го отстранува вишокот на масти.
    Плескавиците се служат со нискомаслена павлака помеѓана со нане и други зачини по желба.








    Зелено смуди со јагоди и ѓумбир

    Состојки

    450 мл бадемово млеко
    450 гр млад шпинат
    450 гр јагоди (може да се замени со малини или капини)
    1 банана
    1 лажица свеж ѓумбир

    Младиот шпинат и бадемовото млеко се ставаат во блендер и се миксираат се додека не стане еднаква смесата. Потоа се додаваат и останатите состојки и се блендира додека не се изедначи.





    Sunday, 8 February 2015

    Овошно смуди

    Состојки

    200 мл нискомаслено млеко 0,5% или 0,9%
    100 гр мешано црвено овошје
    1,5 лажица агавин сируп
    1 лажичка мака во прав
                 - може да се стави и 1 мерица протеин
                 - може да се стави банана за да добие на енергетска вредност
     
    Сите состојки се ставаат во блендер додека не се изедначи смесата. Потоа се става во чаша и одозгора се става 1 лажица овошен сладолед (здраво приготвен).

    Рецепта за сладоледот:
    1 смрзната банана
    малку црвено овошје
    10 мл безмасна павла

    Се тоа се меша во блендер и се става во фрижидер малку да зајакне, а може и веднаш да се служи.


    Домашна нутела


    Состојки

    300 грама лешници (се печат во рерна 10 минути на 180 степени)
    3 лажици немасно какао во прав
    3 лажица лешниково масло или кокосово масло како алтернатива
    1 лажица путер од кикирики
    2 лажици засладувач по избор (агавин сируп, мед, кафеав шеќер)

    Лешниците се мелат и потоа сите состојки се ставаат во сад и се мешаат додека не се изедначи целата смеса. Доколку е премногу густо може да се додаде малку кокосово масло додека не се постигне саканата густина.


    Чоколаден десерт со вишни

    Чоколаден здрав десерт

    2 банани
    50гр овесни снегулки (мелени) (ако користите протеин може 1 мерица протеин со 25гр овесни снегулки да се комбинира)
    Сируп од вишни (домашен)
    15 гр бел крем (домашен)
    1 лажичка кокосово масло
    Зсладувач по желба
    2 лажички рогач или немасно какао
    50-75мл млеко со ниска масленост

    Овесните снегулки, рогачот (какао), 2 банани, млеко, пола лажичка кокосово масло и засладувач се става во блендер додека не се соедини смесата. Добиената смеса треба да биде густа, но не прегуста.
    Во тава за палачинки се става малку пола лажичка кокосово масло и се размачкува по тавата со четка за кифли. Потоа се смесата од блендерот. Кога ќе се зајакне смесата се префрла во сад за послужување. Се сече на половина. Едната половина се става во еден тањир, другата во друг, рецептата е за 2 колача.
    Внатре се премачкува со бел крем и се ставаат неколку вишни.
    Одозгора се прелева со сирупот од вишни.

    Вкусот е неодолив!

    Ориз со пилешко и печурки


    Состојки

    250 грама свежи печурки (шампињони)
    250 грама ориз (долго зрно), по желба може и интегрален
    2 белки
    1 лажичка маслиново масло
    Хималајска сол
    500 грама пилешки стек
    Вегета
    Кари зачин
    Ѓумбир
    1 лажичка сенф

    Најпрво се сецка пилешкиот стек на тенки долги парченца и се става во тава да се испржи со 1 лажичка маслиново масло (дури и не е неопходно) и зачини по желба (кари, вегета, ѓумбир, хималајска сол). Се пржи со постојано мешање.
    Истовремено се става во тенџере 2 кесички ориз (2 х 125 гр) со 1 лажичка хималајска сол се ставаат да се варат 15 минути на среден оган во 2л вода. (Оризот на сликата го има во Кам)
    По 15 минути се трга оризот од оган. Со вилушка се вадат кесичките и се оставаат да се исцедат 10 минути. Потоа се ставаат во висока шолја и се набива оризот со лажица.

    Откако пилешкото ќе се испече се додаваат исечканите шампињони и 1 лажичка сенф, се меша постојано додека не се пропржат, од прилика 7-10 минути. На крај се додаваат двете белки и се разнесуваат низ целата смеса во тавчето, се меша уште 2-3 минути и се трга од оган.

    Оризот од шолјата прво од страните се засекува со нож и се истура во средина на чинијата, околу се сервира пилешкото со печурките.

    Превкусно!

    Ладен десерт во чаша

    Состојки

    2 белки
    100 мл млеко со ниска масленост
    75 гр црвено овошје по избор (малини, вишни, јагоди,...)
    2 лажички Агавин сируп
    2 лажички Стевиа
    10 гр мелени лешници или бадеми (несолени)

    Белките од јајце се матат со миксер со 1 лажичка стевиа и 1 лажичка агавин сируп додека смесата не стане густа.
    Потоа во блендер се става млекото со овошјето и 1 лажичка стевиа и 1 лажичка агавин сируп. Малку овошје се остава на страна.

    Потоа во висок сад се става 1 голема лажица од смесата од блендерот, 1 лажица од шлагот, и се повторува постапката додека не се наполни садот. Одозгора се става од преостанатото овошје за декорација и од мелените лешници.

    Рафаело бомбици

    Состојки

    300гр свеж сир (препорачувам Куч, најмногу протеини а само 2% масленост)
    95 гр кокосово брашно
    25 гр протеин од ванила или 25 грама мелени овесни снегулки или 25 грама мелени лешници
    Неколку капки екстракт од ванила

    Сите состојки (освен 30гр кокос) се мешаат и се обликуваат топчиња. По желба може во средината на секоја бомбица да се стави цел лешник.
    Секоја бомбица се валка во кокосовото брашно.
    Десертот се чува во ладилник.

    Фереро бомбици

    Состојки

    45 грама путер од кикирики (домашно направен) Рецепта за путер од кикирики
    80 гр мелени бадеми
    20 гр немасно какао или рогач
    30 мл млеко 0,5% или 0е,9% масленост
    70 гр протеин од чоколадо ИЛИ ако не користите, тогаш 70 грама мелени овесни снегулки
    20 гр кокос

    Целата смеса се меша и се прават топчиња.

    LowCarb штрумф

    Состојки

    35гр протеин од ванила или чоколадо
    15гр немасно какао или рогач
    4 белки
    2 лажици пире од јаболка
    1 лажица посен сир или несолена урда

    Сите состојки (освен 1 лажица пире од јаболко и 1 лажица посен сир) се меша во сад кој може да се користи во микробранова. Се става на 800W 2 минути. Кога е готово со нож се одвочува колачот од рабовите на садот и се превртува наопаку на чинија. Потоа колачот се премачкува со сирот и одозгора се става пирето од јаболко.









    Мафини со јогурт

    За 6 мафини (еден оброк) потребни состојки:

    2 белки
    20гр протеин или 2 лажички немасно какао или рогач
    1 лажичка мака во прав (не мора)
    70 гр јогурт 0,5% масленост
    10гр бадеми најситно сецкани
    Агавин сируп
    Цимет

    Се мешаат сите состојки додека не се добие изедначена смеса. Се ставаат по две лажици од смесата во еден калап за мафин. Потоа секој мафин се посипува со бадемите и циметот.
    Се пече 15 минути на 150 степени.
    Мафините од внатре не се цврсти, туку меки како пудинг.
    Доколку сакате да добиете поцврста смеса може да додадете мелени овесни снегулки.
    Исто така, по желба може да додадете и овошје одозгора.













    Палачинки

    Состојки за тесто

    1 банана
    2 белки
    мелени овесни снегулки
    2 лажички мусли со бобинки (не мора)
    1 лажичка какао или рогач
    пола лажичка мака во прав
    многу малку млеко безмасно или 0,5%

    Сето тоа се миксира во блендер додека не се добие изедначена густа смеса. Во обложена тава со хартија за печење, за палачинки се става со црпалка од смесата. Брзо се пече затоа внимавајте.

    Состојки за фил

    1 белка
    1 лажичка стевиа

    Се мати додека не се добие густа смеса и се премачкуваат палачинките. Одозгора се става овошје по желба.


    Протеински чоколаден напиток

    Состојки

    9 белки
    160гр протеин
    Кокосово млеко
    1 лажичка ниско маслено какао или рогач
    Засладувач по желба

    Се тоа се меша и се служи. Превкусно!

    Кекс од овес

    Состојки

    4 белки
    засладувач по желба
    прстофат сол
    арома од ванила или мн.малку ванилин шеќер
    40 грама овесно брашно
    1 мерица протеин
    1 лажичка прашок за пециво

    Целата смеса се меша и се прават произволно форми кои се редат во тава обложена со хартија за печење. Се пече околу 20 мин на 175 степени.

    Фил

    1 лажичка какао
    2 лажички засладувач
    2 лажички вода
    Се тоа се меша во сад додека не се изедначи смесата и да се добие чоколаден прелив. Секој кекс се прелева со малку прелив.

    Одозгора се ставаат овесни снегулки, семки или што сакате по избор.



    Вrownies

    Состојки
    1 мерица чоколаден протеин или 3 лажички немасно какао или рогач
    20гр кокосово брашно
    засладувач по желба
    1 белка
    малку вода

    Сите состојки се мешаат и се ставаат во калап за мафин и се става во микробранова.
    Времето на печење зависи, од прилика околу 8 минути.

    Здрав сладолед

    Состојки

    1 замрзната банана
    1 мерица протеин (ако користите, ако не - не мора)
    Засладувач по избор (стевиа, агаве сируп,...)
    2 табли желатин (претходно да се натопи во вода додека не се растопи)

    За долниот дел:
    2 белки
    1 мерица протеин или 20гр мелени овесни снегулки
    2 табли желатин 
    засладувач

    За горниот дел сите состојки се миксираат и се ставаат во мафин форма.
    За долниот дел прво се миксираат белките додека не станат густи и потоа се додаваат и другите состојки и се преливаат преку првиот дел. Сета тоа заедно се става во фрижидер додека да се зацврсти после може да се служи.



    Домашен кекс - Брз доручек

    Состојки

    2 банани
    Овесни снегулки
    Сецкани бадеми несолени
    (Ако користите, 1 мерица протеин)
    Суво грозје
    Цимет

    Најпрво треба да се изгмечат бананите, а потоа се додава се останато.
    Смесата мора да биде густа, но не прегуста. Обликот се прави со лажичка и потода се ставаат во тавче обложено со хартија за печење.
    Се пече во рерна  20-30 минути на околу 180 степени.



    Путер од кикирики

    Состојки

    1кг чистени несолени кикирики
    пола лажица масло од кикирики (или може маслиново)
    пола лажичка сол

    Напрво кикириките треба да се сомелат, а потоа сите состојки заедно се ставаат во блендер додека смеесата не се соедини. 
    Вака направениот путер од кикирики може да се чува во фрижидер до две недели.

    Тирамису


    Состојки за тесто

    80 гр мелени овесни снегулки
    1 лажица домашно направен путер од кикирики
    пола шолја незасладено сварено кафе
    сладило по желба 
    цимет

    Сувите состојки добро се мешаат по што се додава путерот од кикирики и постепено се додава жешкото кафем се меша се заедно додека не се добие соединета густа смеса.
    Се тоа се става на хартија за печење при што треба да се внимава смесата да биде со дебелина од 1см и да се обликува во форма на правоаголник или коцка.

    Состојки за фил
    - Посен крем сир или безмасна урда 500 гр
    - 750 мл безмасно или нискомаслено млеко
    - доколку користите 1 мерица протеин


    Сето тоа се меша додека не се изедначи смесата и се става во рамен сад обложен со хартија. Сето тоа се става во замрзнувач додека не се излади и зајакне. По 2-3 часа треба да се сврти целиот калап и внимателно (подлогата кон доле) целото тирамису да се истресе на тањир. За декорација да се посоли со безмасно какао или рогач и малку цимет.