Friday, 14 August 2015

По само 5 дена здрава исхрана видете ги првите РЕЗУЛТАТИ!


Програмата за исхрана која трае 5 дена е само почеток на едно ново "патување" за Вас. Потоа секако треба да продолжите да конзумирате здрави намирници.
Начинот на исхрана кој следи е попознат како медицинска диета, иако ние одбегнуваме да го користиме терминот "диета", веруваме во здрав начин на исхрана, не во диети. Диетите се сезонски и секогаш имаат јо-јо ефект. Поради тоа, оваа "диета" ќе ја наречеме Исхрана со портокали :)
Големо внимание на овој начин на исхрана се посветило откако во медиумите започнало да се зборува за намалување на 3кг за 3 дена. Всушност станува збор за редукциска исхрана која поттикнува драматична загуба на килограмите, но ја зголемува опасноста за одредени здравствени компликации. Доколку имате здравствени проблеми не Ви го препорачуваме ова пет-дневно мени, туку продолжете со исхрана која се базира на здрави намирници. Дневниот калориски внес на овој начин на исхрана изнесува 900 калории на ден.

Акцентот на овој начин на исхрана се става на следните намирници: конзумирање на риба, овошје, внес на голема количина вода на дневно ниво (најмалку 2л) и незасладени сокови. Од додатоци на храна дозволена е примена на билни зачини, бибер, лимонов сок, оцет, сенф и кечап. Дозволени се три оброка на цена и забранети се меѓуоброци. Забранета е конзумација на шеќер, компир, тестенини, слатки, полномасно млеко, месо и путери.

Планот за исхрана е за 5 дена, не е препорачливо да се следи овој план подолго од 15 дена. После 15 дена, без оглед на исходот треба да се направи пауза од овој план на 15 дена (во кој период ќе се конзумираат исклучиво здрави и немасни намирници), па потоа може повторно да се започне со 15 дневна примена на овој плат (3х5).

Овој начин на исхрана НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА на лица со буврежна болест, ниту на трудници и доилки. Исто така, не се препорачува ниту на активни спортисти поради калорискиот внес кој е низок и кај нив може да предизвика пад на имунитетот.

1 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек:  1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 варено јајце, пола шоља јогурт или кисело млеко.
Вечера: 2 домата или 2дл сок од домат, 2 варени јајца, краставица или пола зелена салата

2 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек:  1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 варено јајце, пола шоља јогурт или кисело млеко.
Вечера: 1 плескавица од 125 грама мелена риба по избор, 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 домат, 4 крекери, шоља незасладено кафе или чај

3 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек:  1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 1 варено јајце, пола шоља јогурт или кисело млеко, зелена салата или 2 краставици, незасладени напитоци
Вечера: 1 плескавица од 125 грама мелена риба по избор, 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља незасладено кафе или чај

4 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек: 125 гр немасно кравјо сирење или немасна урда, 1 домат или 2дл сок од домат, 4 крекери
Вечера: 1 плескавица од 125 грама мелена риба по избор, 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља незасладено кафе или чај, 1 јаболко

5 ДЕН
Доручек: 1 портокал или 2дл сок од цеден портокал (без шеќер), 4 крекери, шоља кафе или чај без додаток на шеќер
Ручек: 200 грама варена риба или риба на пареа, 4 крекери, 1 домат или 2дл сок од домат
Вечера: 500 грама варен зеленчук по избор, 1 варено јајце, 1 домат или 1дл сок од домати.



Friday, 19 June 2015

Стопете ги мастите за 21 ден: Лимон, Мед и Рен


Измешајте 125грама корен од рен ситно нарендан, 3 лажици мед и 3 лимони, претходно измиени и изрендани со се кора, но без семки.
Сето тоа измешајте го се додека не добиете изедначена смеса и чувајте го во стаклена тегла во ладилник.
Користете 2 пати на ден по 1 лажичка од мешавината со оброк.
Време на користење 21 ден.

Sunday, 8 March 2015

Чоколадни мечиња

Состојки за тесто (два оброка):

- 60 грама мелени овесни снегулки
- 20 грама мелено кокосово брашно
- 5 грама мелено ленено семе
- 2 лажици маџун од смоква (може и од грозје или рогач, или заменете со мед)
- 100 мл нискомаслено млеко
- 1 лажичка безмасно какао или рогач (ако го правите рецептот за возрасни може пола лажичка еспресо)

Сите состојки заедно се ставаат во блендер и се миксира додека не се изедначи смесата, треба да биде многу густа. Потоа веќе загреаната тава се премачкува со тенок слој кокосово масло и со лажица се става од смесата и се обликува форма како на сликата, може и форма на круг како на сликата подолу. Доколку не ја искористите целата смеса направете плус колачиња (како малото парче на сликата).

Се пече многу брзо за 1-2 минути.

Откако ќе се испече се премачкува со крем по избор, се препорачува диетален крем (го има во продавници за здрава храна) или друг сладок премаз.

Потоа една банана се сецка на парченца и се декорира како на сликата.
За очите и носот на мечето е користена аронија премачкана со маџун од грозје, но можете да користите и друг вид на овошје како боровинки, рибизли, вишни, цреши и сл.

Tuesday, 17 February 2015

Ручек со пилешко во три бои

Состојки

400 гр пилешко филе
1 лажица вегета
1 лажица сос од соја
1/2 лажичка ситно сецкан лук или лук во прав
1 лажица ѓумбир
300 грама црвена пиперка (може да се замени со свежи домати)
250 грама зелена пиперка (може да се замени со тиквички)
20 мл маслиново масло

Месото се сецка на мали коцкички и се пропржува на тава со маслиновото масло.
Потоа се додава лукот, ѓумбирот, исчистените пиперки исечени на коцки и се заедно се пропржува 2 минути. Се додава солта, веѓетата, биберот и соја сосот. Се добро се меша и уште кратко време се потпекува.

Може да се служи со варен ориз.

    Печен компир



    Состојки

    Компир
    2 лажички маслиново масло
    1 лажичка вегета
    1/4 лажичка хималајска сол
    Други зачини по избор

    Компирот се лупи и се засекува на тенки парченца како на сликата. Сите зачини заедно се промешуваат во посебен сад.
    На тава премачкана со тенок слој маслиново масло се поставуваат компирите, по што се посолуваат со измешаните зачини.

    Се пече во рерна на 200 степени 40 минути.

    Лешниково млеко


    Состојки

    1 шолја лешници (потопени 8 часа во вода)
    2 шолји вода
    1/4 лажичка хималајска сол
    4 урми

    Сите состојки се ставаат во блендер и се миксира додека не се добие изедначена смеса. Потоа се процедува и може да се користи во текот на 2-3 дена.
    Се чува во ладилник.


    Печен комппир на медитерански начин


    Состојки

    700гр компир нелупен
    2 лажички лимонов сок
    2 лажички маслиново масло
    1 лажичка оригано
    1/4 мелен црн бибер и сол
    2 мали лукчиња ситно сецкано или заменете со лук во прав

    Подготовка
    Секој компир исечете го на 8 парчиња. Во поголем сад измешајте го сокот од лимон, маслиновото масло, ориганото, биберот, солта и белиот лук. Потоа додадете ги компирите во истиот сад и убаво промешајте.
    Потоа подредете ги компирите во тава за печење, претходно премачкана со маслиново масло, компирите треба да бидат со лушпата свртена надолу.
    Се пече на 200 степени 45 минути.


    Вегански овошен јогурт


    Состојки

    3 мандарини
    2 лажички сусам (или бадеми или коноп)

    Се лупат мандарините, се меле сусамот (или заменската состојка) и се заедно се става во блендер.
    Добиената смеса веднаш се служи.

    Во случај да е многу густо може да додадете малку бадемово млеко Рецепт




    Бадемово млеко


    Состојки
    1 шолја бадеми
    3 шолји вода
    5-6 суви сливи
    2-3 урми
    ИЛИ сувите сливи и урмите може да се заменат со стапчиња ванила, мед, агавин суруп и сл.

    Една шолја бадеми се прелева со 2 шолји вода и се остава да стои околу 8 часа (може и повеќе). Потоа бадемите се лупат и се ставаат во нова вода.
    Во блендер се ставаат бадемите со водата и 5-6 суви сливи исто така претходно потопени во вода и незашеќерени урми (обично ги има во продавници за здрава храна).
    Добиената изблендирана течност се процедува и се става во стаклено шише.





    Пресни ледени - медени срциња

    Состојки
    (рецептот е за околу 10  срциња)


    Ледени:
    -250 гр суви смокви
    -3 лажички кокосово брашно

    Медени:
    - 300 гр свежи урми
    - 3 лажички рогач во прав (може да се замени со безмасно какао)

    Подготовка:
    Смоквите се сецкаат ситно и заедно со кокосовото брашно се ставаат во блендер и се блендира се додека не се добие смеса како тесто.
    Од урмите се вадат семките и се повторува постапката со урмите и рогачот, како претходно споменатата.
    За смоквите доколку има потреба може да се додаде и малку вода, додека за урмите не.
    Измешаните состојки, и за ледените и за медените срца се смеси за колачи.
    Кога се готови смесите се обликуваат срциња.
    На тавата се попрскува кокосово масло па потоа се редат срцињата, ова е битно за да не се залепат.

    Се оставаат неколку часа да отстојат и потоа се служат, не се пече.

    Sunday, 15 February 2015

    Ослич со зеленчук


    Состојки:

    1 кг ослич
    2 парчиња морков
    2 домата
    1 чешне лук (или може лук во прав)
    1 тиквица
    1 дл вода
    сок од 1 лимон
    персун и босилок
    2 лажички маслиново масло
    1 лажица мешавина зачини (сол, бибер, рузмарин,...зачини по избор)

    Подготовка:

    Зеленчукот се сече на кругови. Лукот (доколку е свеж) само се чисти, не мора да се сече. Листовите од персун и босилот ситно се сецкаат.
    Тавчето за печење се премачкува со маслиновото масло и во него се ставаат изецканиот зеленчук и добро се распоредува по целата тава.
    Во посебен сад се мешаат водата, лимоновиот сок и зачините. Со таа течност се прелева зеленчукот.

    Сето ова се покрива со фолија за печење, одозгора со чачкалица на неколку места избоцкајте за да излегува пареа и ставете во рерна да се пече половина час.

    Филетите се измиваат и се посолуваат. Пред крајот на печењето на зеленчукот, се открива зеленчукот и се става рибата врз него и се пече уште 15 минути непокриено.



    Напиток за брзо топење на масните наслаги

    Состојки:

    - 2л. вода
    - 1 мала лажичка ѓумбир
    - 10-12 ливчиња нане
    - 1 краставица
    - 1 лимон

    Подготовка:
    Лимонот и краставицата се сечат на мали тенки парчиња и се потопуваат во 2литри вода. Потоа се додаваат и преостанатите состојки.
    Садот се затвара и се става во фрижидер да отстои барем 8 часа.
    Во текот на наредниот ден се конзумира течноста како замена за вода и вечерта се приготвува нов напиток за наредниот ден.

    Напомена: Секако, за да биде усшен целиот процес потребно е и да се внимава на намирниците кои се конзумираат, односно да не се внесуваат маснотии и нездрави јаглехидрати.





    Wednesday, 11 February 2015

    Супа од брокула

    Состојки за 4 порции

    1 цело парче брокула или може и смрзната околу 350 гр
    100 гр нискомаслена павлака
    50 грама немасен јогурт
    2-3 парченца бел лук или може 2 лажици лук во прав
    зачини по избор (сол, бибер,...)

    Брокулата се вари во 1литар вода со малку сол, но не да се свари целосно, туку да биде полусварена. Сварената брокула се става во блендер со се водата во која претходно се варела, додајте ги павлаката и јогуртот, белиот лук, додајте ги зачините. 
    Се заедно се блендира и веднаш се служи.

    Low Fat мусака со печурки


    Состојки

    500 гр шампињони
    300 гр компир
    250 мл нискомаслена павлака
    1 јајце
    2 белки
    сол
    бибер
    магдонос

    Најпрво сварете ги компирите, потоа излупете ги и исечкајте ги на кругчиња.
    Печурките исечете ги на тенки парчиња и ставете ги во тава со 300 мл вода, на слаб оган на се издинстаат, потоа исцедете ги.
    Во тава за печење редете 1 ред компир, еден ред печурки, додека не се потроши смесата.
    На крај прелијте со измешаните јајца, белки и павлака, со микс од зачини.
    Печете во рерна на 200 степени околу половина час.

    Топли напитоци за топење масти

    Иако сметам дека здравиот начин на исхрана сам по себе не му дозволува на телото да ја покачи телесната маса, освен доколку не се тежнее кон тоа и се конзумира поголема количина здрави намирници со соодветен тренинг.
    Но сепак, постојат намирници кои помагаат во процесот на слабеење, односно намалување на тежината.


    Циметот и ѓумбирот се познати по своите позитивни ефекти за човековиот организам, но исто така нивната правилна примена може да доведе до забрзување на метаболизмот.

    Чај од цимет и мед
    Состојки:
    1 лажица цимет
    2 лажици мед

    Најпрво циметот се попарува со 1 литар врела вода и се остава половина час да отстои. Откако ќе се олади се додаваат 2 лажици мед и целата смеса се става во ладилник да отстои околу 8 часа. 
    Чајот се пие по пола чаша наутро на гладно и навечер пред спиење.
    Процесот на слабеење започнува во моментот кога организмот ќе се ослободи од токсините и маснотиите во крвта.
    Во периодот кога го конзумирате чајот (а и потоа :) ) стремете се кон тоа да се храните здраво без непотребни јаглехидрати и штетни маснотии.

    Чај од ѓумбир и цимет

    Комбинацијата на ѓумбирот и циметот е одлична во борбата против бактериите, како и други штетни болести за организмот. Без разлика дали сакате да слабеете или не, ѓумбирот и циметот треба да бидат дел од секојдневната употреба, едноставно користете ги како зачини.

    - 1/2 чаша кефир
    - пола лажичка црвен пипер
    - 1/2 лажичка цимет
    - 1/2 лажичка ѓумбир во прав

    Добиената смеса се попарува со 500 мл врела вода и се конзумира наутро на гладно.
    Комбинација создадена за топење масти.