Состојки за тесто (два оброка):
- 60 грама мелени овесни снегулки
- 20 грама мелено кокосово брашно
- 5 грама мелено ленено семе
- 2 лажици маџун од смоква (може и од грозје или рогач, или заменете со мед)
- 100 мл нискомаслено млеко
- 1 лажичка безмасно какао или рогач (ако го правите рецептот за возрасни може пола лажичка еспресо)
Сите состојки заедно се ставаат во блендер и се миксира додека не се изедначи смесата, треба да биде многу густа. Потоа веќе загреаната тава се премачкува со тенок слој кокосово масло и со лажица се става од смесата и се обликува форма како на сликата, може и форма на круг како на сликата подолу. Доколку не ја искористите целата смеса направете плус колачиња (како малото парче на сликата).
Се пече многу брзо за 1-2 минути.
Откако ќе се испече се премачкува со крем по избор, се препорачува диетален крем (го има во продавници за здрава храна) или друг сладок премаз.
Потоа една банана се сецка на парченца и се декорира како на сликата.
За очите и носот на мечето е користена аронија премачкана со маџун од грозје, но можете да користите и друг вид на овошје како боровинки, рибизли, вишни, цреши и сл.