Tuesday, 10 February 2015

Енергетска каша од банана


Состојки

1 банана
70 мл нискомаслено млеко
20 гр мелени овесни снегулки
2 лажички мелено ленено семе
пола лажичка семе од чиа
пола лажичка мака во прав
1 лажичка агавин сируп
1 лажичка маџун од рогач
овошје по избор

Сите состојки освен овошјето се ставаат во блендер и се миксира додека не се изедначи смесата. На крај одозгора се става овошјето.
Преубава и превкусна енергетска каша. Може да се чува во ладилник доколку не се конзумира веднаш.

Сладок здрав колач со портокали

Состојки за тесто
2 банани
100 мл нискомаслено млеко
2 лажички агавин сируп
1/3 лажичка кокосово масло
50 гр мелени овесни снегулки

Смесата се миксира во блендер додека не стане изедначена и да нема грутки од банани.
Тавче за палачинки се обложува со хартија за печење и половина од содржината од блендерот се истура на хартијата, на два пати, од едната страна на тавата и од другата, така ќе добиете две парчиња колач кои се дел од една порција. Откако ќе се испечат се вади хартијата од тавчето и се става на страна 2-3 минути да се подизлади и за да може да се одлепи од картијата.
Во меѓувреме се пече вториот колач.
Откако ќе се изладат малку со нож се засекува измеѓу хартијата и колачот, внимателно за да не се скине тестото и се префрлува во соодветен сад.

Состојки за фил
1 белка
1 лажичка агавин сируп
на врв од лажичка ванилин шеќер
на врв од лажична кокосово масло
Киви х 1
Портокал х 1

Состојките (без овошјето) се матат со миксер додека не се добие густа смеса.
Парчињата колач се премачкуваат со тенок слој фил, и за останатиот дел од филот:

Додатоци:
мака во прав
маџун од рогач
Семе од чиа

Портокалот се сече на кругови со дебелина од околу 1см и потоа со нож се вади кората, за да остане кругче портокал како на сликата. За два колача се потребни две такви парчиња портокал. Остатокот од портокало се сече на ситни коцкички и се става во филот.
Кивата се лупи и се сече на ситни коцки, мал дел може да послужи за декорација (како на сликата подолу), а остатокот се става во филот и се меша.
Добиената смеса се прелева врз колачот. На едното парче се става кругот од портокал. Одозгора се попрскува со мака во прав и семе од чиа, и на крај со 1 мала лажичка маџун од рогач.




Солени мафини од мисиркино месо

Состојки

50гр мелени овесни снегулки
1 лажичка бибер
пола лажичка хималајска сол
1 лажичка лук во прав
1 мал лук исечкан
1 лажичка микс од зачини кои ги користите за пилешко (сол, вегета, кари,...)
500 грама мелено мисиркино месо
1 цело јајце
1 белка
1 лажичка маслиново масло

Најпрво се мешаат сите суви состојки, потоа се додава меленото месо, јајцето и белката и се меси смесата.
Потоа калапите за мафини се премачкуваат со тенок слој маслиново масло. Се става во загреата рерна на 180 степени да се пече околу 40 минути. Може да се служи со зеленчук по избор.

Туна салата


Состојки

100 гр туна
2 лажици грашок/боранија
2 лажици пченка
1 црвена пиперка
1 лажица маслиново масло
4-5 маслинки
зачини (сол, бибер, чили)
Ако случајно од претходно имате приготвен ориз може да додадете.


Сите состојки се мешаат и се служи веднаш. Одличен рецепт кога се брзате или имате кратка пауза на работа.

Шејк за дефиниција/слабеење

Состојки


2 лажички мелено ленено семе
2-3 лажици кафе
4 лажици млеко во прав
250 мл нискомаслен јогурт/или млеко
400 мл ледена вода

Сите состојки се мешаат и веднаш се конзумира.
Ленот, кофеинот и протеините од јогурт потпомагаат во губење на тежината, додека пиењето ладна вода помага во забрзување на метаболизмот.
Треба да се пие секој ден, може и по 2 пати.



Monday, 9 February 2015

Палачинки со овесни снегулки и јаболка

Состојки

6 белки
150 гр овесни снегулки
2 лажици незасладена каша од јаболко
Прстофат цимет
Прстофат стевиа
1 јаболка рамномерно исечена
1/4 лажичка прашок за пециво
Кокосово масло

Загрејте ја тавата на максимум а потоа намалете на средна температура. Откако ќе ги измешате систе состојки во блендер, освен јаболките на парчиња, ставете малку кокосово масло на тавата и истурете ја смесата. Кога ќе почне да се потпекува смесата пуштете ги парченцата јаболко одозгора да се впијат во палачинката.

Одозгора може да се прелие со малку агавин сируп, маџун или мед.

Фит пилешко со зеленчук

Состојки

-1 лук ситно исецкан
-450 грама зеленчук по избор (грашок, морков, пиперка, ...)
-100 грама мисиркино месо (по можност мелено), ако немате мисиркино се става дупла доза од пилешкото
-100 грама пилешко месо
-брокула 6-7 парченца
-соја сос
-зачини (сол, чили, вегета, лук во прав)

Во длабока тава се става вода да зоврие на средна температура, потоа ставете го ситно насечканиот лук и варете го додека не почне да омекнува. Потоа се става зеленчукот и малку се намалува температурата, се вари околу 10 минути, но никако не смее да се свари до крај или да се превари. Овошјето треба да остане полузготвено, по што се дадава месниот микс (мисиркино и пилешко месо) и се додаваат 6-7 парченца брокула и малку се зајакнува температурата и се готви уште 10-15 минути. Од време на време проверувајте да не се превари зеленчукот.
Откако се ќе се свари се истура вишокот вода и се дадаваат зачини по желба и соја сосот (обавезно), лук, чили во прав, зачински микс и се добро се меша неколку минути на слаба температува додека не се упие.


Нискокалоричен овошен јогурт



Состојки

100 гр различно овошје: аронија, капини, јагоди,...
250 мл немасен јогурт
2 белки
(по желба една мерица протеин)

Сите состојки се ставаат во блендер и се меша додека не се изедначи смесата.
Се декорира со овошје.

Маринирано пилешко со лимон

Состојки

700 гр пилешки гради
240 мл лимонов сок (свежо цеден)
30 мл маслиново масло
2 лажички лук во прав
2 лажички сецкан босилок
пола лажичка црвен пипер
1 лажица мешавина од зачини (бибер, лук, сол, кафеав шеќер, магдонос, црвен пипер)

Рерната се загрева на 230 степени. За маринадата во пластична кеса  се става лимоновиот сок, маслиновото масло и зачините. Потоа со вилушка се боцка пилешкото понекаде и се става во кесата со зачини. Се добро се затвара, се става на чинија и се остава да отстои во ладилник барем 1 час. Дното на садот за печење се прекрива со алуминиумска фолија и треба да се внимава да се остави доволно фолија за да се прекрие и горниот дел. Пилешкото со зачините се става на фолија и се прекрива со остатокот од фолијата. Се пече околу 1 час.
Може да се служи со ориз.

Пица залачиња од киноа

Состојки

2 шолји сварена киноа
2 јајца
пола шолја сецкан лук
1 шолја исецкана моцарела
2 лажички
пола шолја ситно сецкан босилок
1 шолја иситнето пилешко (или може и со печеруки да се направи)
пола лажица хималајска сол
1 лажичка чили зачин
1 лажичка оригано

Рерната се загрева на 180 степени. Сите состојки се мешаат додека не се изедначи смесата. Потоа се става во калапи за мафини, секое се полни до врв, една голема лажица, а потоа нежно се притиска одозгора.
 Се пече 15 до 20 минути.

Протеинско топло чоколадо

Состојки

450 мл нискомаслено млеко
1 лажица бутер од кикирики
1 мерица протеин
2-3 лажички немасно какао или рогач
1 лажичка казеин за да се добие сакана густина (наместо казеин може да користите и други згуснувачи)

Во длабок сад ставете го млекото, протеинот, казеинот, какаото (рогачот) и путерот од кикирики. Загрејте на средна јачина со постојано мешање. Кога ќе стане жешко тргнете од оган, но пред да зоврие, инаку од протеинот ќе се направат грутки.

Уживајте!

Протеински чоколаден шејк

Состојки

2 мерици протеин од чоколадо
200 мл нискомаслено млеко
1 лажица (5гр) инстант кафе
3-4 коцки мраз
Стевиа (или друг засладувач по избор)

Сите состојки се ставаат во блендер додека смесата не се изедначи. Веднаш се служи.
Уживајте!

Плескавици од киноа со моркови


Состојки за две порции

100 грама киноа
Пола главица кромид
Два моркова (поголеми)
1 јајце
1 чешне лук
Магдонос
Нане
Маслиново масло
Нискомаслена павлака

Измиената киноа се става да се вари на слаб оган во вода 1:3, додека водата не испари (15-20 минути).
Насечкајте го лукот на мали парченца, изрендајте го морковот, истолчете го лукот и во сад додадете ја и сварената киноа, како и магдоносот, нането и јајцата. Се добро треба да се измеша и да се посоли. По желба може да се стават и други зачини.
Во тава за печење ставете малку маслиново масло и од смесата формирајте топчиња, кои после ќе ги сплескате да добијат облик на плескавица. Печете додека не добијат убава златна боја. Исто така може и да не се пече во масло, туку во смесата да се стави 1 лажичка маслиново масло, тавата да се обложи со хартија за печење и да испечат на тој начин.  Печењето на хартија го отстранува вишокот на масти.
Плескавиците се служат со нискомаслена павлака помеѓана со нане и други зачини по желба.








Зелено смуди со јагоди и ѓумбир

Состојки

450 мл бадемово млеко
450 гр млад шпинат
450 гр јагоди (може да се замени со малини или капини)
1 банана
1 лажица свеж ѓумбир

Младиот шпинат и бадемовото млеко се ставаат во блендер и се миксираат се додека не стане еднаква смесата. Потоа се додаваат и останатите состојки и се блендира додека не се изедначи.





Sunday, 8 February 2015

Овошно смуди

Состојки

200 мл нискомаслено млеко 0,5% или 0,9%
100 гр мешано црвено овошје
1,5 лажица агавин сируп
1 лажичка мака во прав
             - може да се стави и 1 мерица протеин
             - може да се стави банана за да добие на енергетска вредност
 
Сите состојки се ставаат во блендер додека не се изедначи смесата. Потоа се става во чаша и одозгора се става 1 лажица овошен сладолед (здраво приготвен).

Рецепта за сладоледот:
1 смрзната банана
малку црвено овошје
10 мл безмасна павла

Се тоа се меша во блендер и се става во фрижидер малку да зајакне, а може и веднаш да се служи.